• Тел: (+389 2) 32 46 225, 32 98 338, Факс: (+389 2) 32 21 966
  • contact@aitonix.mk
  • English English
  • bg Македонски
  • Податоци за компанијата
  • Мојот профил
  • Нарачки
  • Адреси
  • Корисници
  • Финансиски информации
  • Излез
  • Регистрирај се
  • Влез
Aitonix B2B
Мени
  • Дома
  • Производи
    КОМПЈУТЕРИ (90)
    • All in One PC (4)
    • Десктоп компјутер (11)
    • Преносен компјутер (75)
    • Дополнителна опрема (1)
    ТАБЛЕТИ И СМАРТФОНИ (53)
    • Таблети (9)
    • Смартфони (18)
    • Аксесоари (26)
    ТЕЛЕВИЗОРИ (17)
    Мали кујнски апарати (25)
    • Прочистувачи и одвлажнувачи (1)
    • Фритези (3)
    • Блендери (2)
    • Кафемати (6)
    • Стимери (2)
    • Мултифункционални Готвачи (1)
    • Миленици (3)
    • Тостер (2)
    • Греалки (1)
    • Пегли и парни генератори (1)
    • Правосмукалки (3)
    СЕРВЕРИ (8)
    • Сервери (8)
    КОМПОНЕНТИ (136)
    • Процесори (10)
    • Матични Плочи (5)
    • RAM Мемории (16)
    • Внатрешни Дискови (4)
    • Надворешни Дискови (18)
    • SSD (23)
    • Графички Карти (10)
    • Оптички Уреди (1)
    • Компјутерски Куќишта (4)
    • Напојување (11)
    • USB Мемории (26)
    • Мемориски Картички (6)
    • PC Адаптери (2)
    МОНИТОРИ (36)
    МУЛТИМЕДИА (21)
    • Звучници (9)
    • Слушалки (12)
    ПРИНТЕРИ И СКЕНЕРИ (29)
    • Ласерски Монохром (5)
    • Ласер МFP Монохром (11)
    • Ласер Колор (2)
    • Ласер МФП Колор (5)
    • Скенери (6)
    КОНЗУМАТИВИ ЗА ПРИНТЕРИ (163)
    • Фотокондуктори (27)
    • Тонери (116)
    • Кертриџи (20)
    ПРОЕКТОРИ (9)
    • Проектори (9)
    УПС И ЗАШТИТА (76)
    • УПС (71)
    МРЕЖНА ОПРЕМА (8)
    • Рутери (3)
    • Свичеви (5)
    АКСЕСОАРИ (70)
    • Тастатури (12)
    • Мауси (11)
    • Десктоп Комплет (8)
    • Торби и Ранци (33)
    • Докинг станици (6)
    СОФТВЕР (33)
    РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ (1)
    • (1)
    Опрема за соларна енергија (14)
  • Производители
    ACERACER
    ACRONISACRONIS
    A-DATAA-DATA
    AMDAMD
    ASUSASUS
    DELL DELL
    DELL EMCDELL EMC
    D-LINKD-LINK
    EDIMAXEDIMAX
    GENIUSGENIUS
    GIGABYTEGIGABYTE
    HPHP
    INTELINTEL
    LENOVOLENOVO
    LEXMARKLEXMARK
    LGLG
    LOGITECHLOGITECH
    MICROSOFTMICROSOFT
    MOTOROLAMOTOROLA
    MSIMSI
    NJOYNJOY
    OTHEROTHER
    PHILIPSPHILIPS
    PORTPORT
    PQIPQI
    S-BOXS-BOX
    SILICON POWERSILICON POWER
    TOSHIBATOSHIBA
    TP-LINKTP-LINK
    TRENDNETTRENDNET
    WESTERN DIGITALWESTERN DIGITAL
    XEROXXEROX
  • Нашите предности
    • ИТ производи од докажани светски компании. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на потрошувачите и пазарот. Ве молиме контактирајте го нашиот тим за продажба за да добиете конкретни информации и соодветна понуда. Благодарение на долгогодишното искуство во областа на дистрибуција и стекнатото знаење можеме да понудиме разработени индивидуални стратегии за развој на продажбата низ различни програми, инсентиви, маркетинг поддршка. Адекватните и конкурентни цени се составен дел од нашата целокупна политика за работа. А долгорочното партнерство со нас ви ги гарантира најдобрите услови. Заинтересирани сте за специфични производи, ви треба одложено плаќање или друго конкретно решение за вашиот бизнис? Не двоумете се да не контактирате! Обезбедуваме индивидуални решенија и се стремиме максимално да одговориме на потребите на нашите партнери.
  • За нас
    • AITONIX е една од најголемите компании за ИТ дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски ИТ брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Motorola, Microsoft, Xerox итн. Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, успеавме да станеме клучен фактор во ИТ секторот и успешно да ја прошириме нашата дејност во регионот.
  • Програма за лојалност “Aitogether”
  • Контакт

Политика за приватност

 

1. Општи одредби

Заштитата на личните податоци неопходни за работењето на оваа Веб-страница е врвен приоритет на АИТОНИКС АД. Оваа Политика за приватност има за цел да даде информации за тоа кои лични податоци се собираат на оваа Веб-страница, со каква цел, како и во кои случаи овие податоци се доставуваат на трети страни. Оваа Политика може да претрпи периодични измени наметнати од промените во регулаторните барања и со цел да се ажурираат преземените мерки за заштита. Во случај на такви промени, изменетата верзија на Политиката за приватност ќе биде објавена навремено на https://aitonix.mk/ и затоа, ве замолуваме периодично да ја проверувате нејзината содржина.

 

2. Податоци за контролорот одговорен за обработка на податоци

Контролор: АИТОНИКС АД
ЕДБ: 4030000394930
ул. Борис Трајковски 36, 1000 Скопје
АИТОНИКС АД ги презема сите потребни мерки на претпазливост (технички и организациски) за да ја осигура безбедноста на личните податоци, обезбедени преку оваа Веб-страница, така што тие да бидат заштитени на најдобар можен начин. Сепак, процесите не можат да бидат целосно контролирани, така што апсолутната заштита не може да се гарантира. Поради оваа причина, обезбедувањето лични податоци на било кое лице при интеракција со оваа Веб-страница е доброволно.

 

3. Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица: - Посетители на нашата веб-страница www.aitonix.mk Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирање на податоците од посетите на нашата Веб-страница, како и за одржување на нејзината информациска сигурност и безбедност. При посетување на оваа Веб-страница, информациите за вашата посета автоматски ги испраќа веб-прелистувачот што го користите, а со тоа се обезбедува ракување со Веб-страницата. - Корисници на нашиот B2B портал, достапен единствено за фирми (правни лица) со кои соработуваме. За да се овозможи соодветно ракување со B2B порталот потребно е извршување на регистрација на компанијата од име на нејзин претставник и доставување на информации за име на компанијата, име и презиме на корисникот, електронска пошта и телефонски број. Податоците ги доставува самиот субјект на лични податоци, по сопствена воља и под целосна контрола на субјектот на личните податоци. Во B2B порталот немаат можност да се регистрираат и да го користат физички лица кои не се дел од правно лице/компанија.

 

4. Какви категории на податоци собираме

4.1 Податоци за навигација во Веб-страницата

При посетување на оваа Веб-страница, информациите за вашата посета автоматски ги испраќа веб-прелистувачот што го користите, а со тоа се обезбедува ракување со Веб-страницата. Доставената информација вклучува IP адреса на употребуваниот интернет уред, датум и време на влегување и информации за прелистувачот. Оваа информација е привремено зачувана во таканаречената датотека за најавување и автоматски се брише најдоцна по 9 недели. Собраните податоци не дозволуваат да се извлекуваат директни заклучоци за идентитетот на корисникот. Целта на обработката на податоците е да се воспостави врска и да се осигури безбедноста на системот.

 

4.2 Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги собираме при посета на нашата Веб-страница, се оние кои корисниците доброволно ги доставуваат за конкретни цели, како што се: регистрација во B2B порталот, испраќање на пораки преку формите за контакт со цел побарување на понуди за производи или услуги кои ги нуди нашата компанија, интерес кон отворени работни позиции. Може да собереме некои од следните категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, работна позиција, електронска пошта, доколку субјектот на лични податоци одлучил овие негови лични податоци да ги сподели со АИТОНИКС АД.

 

5. Кој има пристап до лични податоци

Дејностите по обработка на лични податоци поврзани со посетата на нашата Веб-страница или при користење на нашиот B2B портал се извршуваат од страна на вработените специјалисти, одговорни за тековно одржување и обезбедување на соодветна функционалност на Веб-страницата, како и во случаите во кои вработените заради извршување на нивните работни задачи имаат потреба да користат лични податоци, дадени по претходна согласност.

 

6. Период на чување на лични податоци

Личните податоци се зачувуваат за релевантниот период утврден со закон или се додека е валидна целта за која се собрани. По истекот на периодот на чување, податоците се бришат, освен доколку не се потребни за склучување на договор или за извршување на договор. Доколку податоците на корисниците не се избришат затоа што се неопходни за други и законски цели, нивната обработка ќе биде ограничена колку што е можно. Ова се однесува, на пример, на податоците што мора да се чуваат од комерцијални или даночни причини.

 

7. Сигурност на податоците

Вложуваме максимални напори да ги обработуваме вашите лични податоци, користејќи ги најактуелните применливи технички и организациски средства на таков начин кој што ќе ги исполни регулаторните барања, а воедно ќе овозможи максимална сигурност и безбедност.

 

8. Откривање на податоци за трети лица

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата Веб-страница. Податоци може да бидат пренесувани на трети лица само доколку тоа е потребно за извршување на договорните деловни обврски, како и кога тоа експлицитно го наведуваме во оваа Политика на приватност или кога сме законски обврзани или имаме право да го сториме тоа.

 

9. Права на субјектите на податоците

Според Законот за заштита на личните податоци, корисниците имаат права кои зависат од целта, односно причината за обработка на нивните лични податоци. Во продолжение ќе ги најдете основните информации во врска со споменатите права:

 

9.1 Право на пристап

Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Ова право речиси секогаш се применува, но постојат и некои исклучоци согласно закон, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.

 

9.2 Право на исправка

Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.

 

9.3 Право на бришење

Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.

 

9.4 Право на ограничување на обработката

Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.

 

9.5 Право да се спротивставите на обработката (барање да се прекине целосно со обработката)

Имате право да се спротивставите на обработка само доколку обработката на Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.

 

9.6 Право на преносливост на податоци

Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација (контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на Ваша согласност, или во процес за склучување договор во кој вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.

 

9.7 Право да се жалите (Право на приговор)

Ние работиме со високи стандарди на примена на законот за заштита на личните податоци кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на info@aitonix.mk и ние ќе одговориме. Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk

 

Од Вас нема да се бара да платите никаква такса,односно надомест за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности поврзани со фискални импликации за што ќе бидете однапред информирани. Во врска со горенаведеното предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис, односно постапување по Ваше Барање, согласно законот имаме рок од еден месец за одговор.

 

10. Како можете да не контактирате?

Во секое време, секое лице може да не контактира испраќајќи порака по пошта или е-пошта до наведените детали за контакт:
АИТОНИКС АД
ЕДБ: 4030000394930
Седиште и адреса: ул. Борис Трајковски 36, 1000 Скопје
Електронска пошта: info@aitonix.mk
Детали за контакт на лицето одговорно за заштита на податоци:
Маја Трајковиќ – Пешевска
 
  • Б2Б сајтот на AITONIX е дизајиран да ги задоволи потребите на сите наши деловни партнери, олеснувајќи го процесот на правење нарачки, нивно следење и управување. За сите прашања во врска со функционалноста на сајтот, ве молиме контактирајте го нашиот тим.
  • Мојот профил
  • Финансиски информации
  • Контакт
  • Општи услови
  • Приватност
  • Колачиња
АИТОНИКС АД. Сите права се задржани.